Палмер: „Mал Шенген“ има поддршка од САД

Женева, 8 ноември 2019 (МИА) – „Мал Шенген“ е иницијатива која ветува и ја има нашата поддршка, изјави денеска во Женева специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

– Европската перспектива на Западен Балкан, која беше основа за американско ангажирање во регионот подолго од 20 години, не се сменила и нема да се смени, изјави Палмер.

– Токму затоа, неможноста на Европскиот совет да постигне консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија беше толку длабоко разочарувачка. Но, тоа не е последниот збор. Се надеваме дека Европскиот совет ќе може да го ревидира тоа прашање и да постигне напредок на средбата на лидерите во Загреб, да го пронајде неопходниот консензус, да го отпочне тој важен процес и да испрати важен сигнал за регионот, потенцираше Палмер.

– Во меѓувреме, САД преземаат поголема улога на Западен Балкан, а ЕУ е во опасност да создаде перцепција дека се повлекува, самиот регион ја презема иницијативата. Посветеноста на Србија, Албанија и Северна Македонија да ја подобрат соработката преку иницијативата наречена „мал Шенген“ е демонстрација на тоа како лидерите преземаат одговорност за својата судбина и контрола над сопствената иднина, истакна американскиот функционер.

Според него структурата на иницијативата е отворена и во неа има место за Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

– Тоа е иницијатива која ветува, има наша поддршка и за која сме посветени на работа во партнерство со лидерите од Западен Балкан за да постигнеме напредок, потенцираше Палмер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, минатиот месец во Нови Сад потпиша иницијатива за воспоставување таква зона, а повикани се и други држави од регионот да се придружат.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе