Ова се победниците на конкурсот International Landscape Photographer of the Year

Организаторите на конкурсот International Landscape Photographer of the Year ги соопштија победниците за 2019 година. Овие фотографии се совршени потсетници за разноликоста и убавината на планетата Земја.

Годинава на конкурсот стигнаа 3.403 пријави од 840 учесници. Највисокиот резултат изнесуваше 85,2%, но организаторите рекоа дека стотици фотографии добиле над 80% и со гордост може да стојат рамо до рамо со избраните кои ќе бидат објавени во годинашната монографија.

По внимателна анализа, шесте судии меѓу кои беше и ланскиот победник Адам Гиб, го избраа Олег Ершов од Русија за победник на конкурсот International Landscape Photographer of the Year 2019, додека Магали Шеснел од Франција ја доби наградата за најдобра фотографија на пејзаж за 2019 година.

Останатите фотогафии се на добитниците на втори и трети места, како и во посебни категории како „Див свет во пејзаж“, „Осамено дрво“ и тн.