Удобноста и безбедноста на возењето сѐ почесто се поистоветуваат со SUV моделите, за кои побарувачката значително порасна во изминативе 10 години.
Овие модели ја имаат удобноста на автомобил со класична каросерија, а моќност и безбедност на поробустно возило. Сите поголеми производители имаат свои SUV адути во понудата кои се прв избор на купувачите, особено оние кои бараат удобно, а модерно семејно возило за различни услови.
На светско ниво, Toyota RAV4 во 2019 година забележа раст на продажбата од 13,9% во однос на 2018, според статистичките податоци со кои располага focus2move, специјализираниот сајт за автомобили кој ја состави листата на најпродавани SUV модели во светот.
На второ место е Honda CR-V со 811.209 продадени возила, а на трето Volkswagen Tiguan со 736.885 продадени единици.
Вака изгледа целосната листа на десетте најпродавани SUV модели во светот за 2019 година (Модел/број на продадени возила во 2019/промена во донос на 2018)
1. Toyota RAV4 947.919 +13,9%
2. Honda CR-V 811.209 +10,8%
3. Volkswagen Tiguan 736.885 -8,2%
4. Hyundai Tucson 530.169 -7,1%
5. Nissan Qashqai 498.915 -3,3%
6. Kia Sportage 477.961 -3,3%
7. Chevrolet Equinox 430.714 -2,3%
8. Mazda CX-5 426.767 -6,1%
9. Haval H6 392.605 -13,9%
10. Nissan Rogue 389.582 -14,5%