Александра Тројановска од Крива Паланка е победничката на изборот за Мис на Македонија 2016 за „Мис Глоуб“ - избор за убавина што ќе се случи на 25 ноември во Тирана, Албанија.
По неколку полуфинални вечери низ градовите низ Македонија, викендов во Виница се одржа финалната церемонија, на која победи 25-годишната Александра. За прва придружничка е прогласена охриѓанката Ангела Ставреска, а Андријана Илиоска од Скопје е втора придружничка.
Александра Тројановска ќе ја претставува Македонија на изборот „Мис глоуб 2016“, кој ќе се одржи на 25 ноември во Тирана, Албанија, додека придружничките ќе учествуваат на други интернационални избори за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.