Авто новости
ЗАШТИТА СО СТИЛ

Отпорна на куршуми и експлозиви - блиндирана лимузина за оние со најдлабок џеб

10. декември 2019 - 14:18 | А.С.

Rolls-Royce Phantom е синоним за луксуз и престиж, а за сума од 3 милиони евра им гарантира на сопствениците и нивните сопатници врвна удобност и безбедност.

Токму толку чини продолжената блиндирана Rolls-Royce лимузина модифицирана во погонот на Klassen.

На купувачите кои се подготвени да платат 3 милиои евра Klassen им ветува дека ќе им испорача специјален Rolls-Royce Phantom во рок од шест месеци од нарачувањето.

Првиот чекор во доработката на оригиналниот модел е продолжување на каросеријата од 3.772 милиметри на 4.822 милиметри, па вкупната должина на модифицираната лимузина изнесува дури 7.032 милиметри.

Klassen исто така ја зајакнува надворешноста на лимузината до ниво B7 во палетата на балистичката заштита, со што патниците се заштитени од огнено оружје и експлозивни уреди.

Меѓу додатоците што ќе ви го направат возењето уште попријатно се мултимедијалниот систем iMac, како и престижното озвучување Bang & Olufsen.

Иако масата на модифицираната верзија на Klassen е поголема во споредба со онаа на оригиналниот Phantom, тјунерската компанија не направи интервенции во погонската единица на лимузината.

Под хаубата и понатаму „преде“ 6,75-литарски V12 мотор кој развива 571 коњски сили (420 kW) и максимален вртежен момент од 900 Nm.