Кратерот Јарабуба во Западна Австралија е идентификуван како најстариот познат доказ за пад на астероиди на Земјата. По тестирањето на минерали пронајдени во тамошните камења, истражувачи од Универзитетот Куртин пресметале дека е стар неверојатни 2,2 милијарди години, пренесува RT.
Кратерот со размер од 70 километри е откриен во 1979 години, а сега е утврдено дека е 200 милиони години постар од кратерот Вредефорт во Јужна Африка, кој досега е сметан за најстар.
Ударот од астероиди бил толку силен што е можно да е одговорен за завршување на едно од Земјините ледени доба.
„Староста на кратерот одговара на прилично точно време во кое е завршено ледено доба. Ударот на астероиди во Земјата би можело да има значајно влијание на климата на нашата планета“, вели Кристофер Киркланд, водач на истражувањето.
Тимот научници пресметал дека овој камен од вселената удрил во лед дебел неколку километри при што во атмосферата е исфрлена голема количина водеа пареа, што придонело за загревање на планетата, многу години пред да се појават сложени форми на живот на нашата планета.