Вести

Откриен Американец со лоза стара 17 илјади години

14. септември 2019 - 15:42 | Ф.З.

ДНК-та на домородниот Американец Дарел Крафорд оди наназад цели 55 генерации, што претставува најстара ДНК откриена на американскиот континент досега.

Команијата за генетски истражувања CRI Genetics успеа да ја открие најстарата ДНК на еден Американец. Резултатите се со 99 проценти точност и индицираат дека лозата на Крафорд оди наназад за цели 55 генерации или поточно 17 илјади години.

Толку долго датирање на лоза преку ДНК анализа досега никогаш не било успешно направено, па затоа ова отритие е многу важно во сферата на биогеографијата.

Крафорд е припадник на индијанскиот резерват Blackfoot во сојузната држава Монтана. Тој и неговата заедница веруваат дека нивните претци се населиле на Американскиот континент за време на Леденото доба кога преку Беринговиот земјен мост дошле од Азија.

Сепак, ДНК резултатите велат дека неговите претци најпрво живееле во Јужна Америка каде што дошле од островите во Пацификот.