Тенис

Откажан мастерсот во Индијан Велс

9. март 2020 - 10:57 | М.С.

Организаторите на тенискиот турнир во Индијан Велс, кој требаше да се одржи оваа недела, известија дека турнирот се одложува поради корона вирусот.

Одлуката е донесена по консултација со експерти и со властите во државата Калифорнија. Не е соопштено дали мастерсот ќе добие нов термин или воопшто е откажан.

Од управата изјавија дека им е важно здравјето на посетителите, играчите и сите учесници во турнирот.

„Ние сме подготвени да го одржиме турнирот во друг термин и ќе ја разгледаме ваквата опција“, изјави Томи Хас, директор на турнирот.

Мастерсот во Индијан Велс е еден од најголемите турнири во календарите на АТП и ВТА.