Отказ за 30.000 вработени, се спојуваат два банкарски ривали

Спојувањето на Deutsche Bank и нејзиниот ривал Commerzbank долгорочно би резултирало со укинување на дури 30.000 работни места.

Тоа го изјави претставникот на германскиот синдикат Верди и член на надзорниот одбор на Deutsche Bank, Јан Душек.

Најголемиот дел од тие 30.000 загрозени позиции се во Германија, рече Душек, пренесува Reuters. Краткорочно гледано, на повидок се околу 10.000 откази, додаде тој.

„Според нашите сознанија, потенцијалното спојување не би резултирало со бизнис модел што ќе биде одржлив на долг рок“, предупредува Душек.

Жестокото противење на синдикатот на најавеното спојување на двете најголеми германски банки следеше откако и двата гиганти вчера потврдија дека се во преговори за спојување.

Вредноста на акциите на Deutsche Bank утрово скокна за 3,4 отсто, а на Commerzbank за 4%.

Надзорните одбори на двете банки треба да одржат состанок во четврток за да се дискутира спојувањето, објави Reuters.

Во двете банки моментално се вработени околу 140.000 луѓе ширум светот. Deutsche Bank има 91.700 вработени, а нејзиниот ривал Commerzbank 49.000.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе