Осум секојдневни навики кои се лоши по здравјето

Ако барате начин да ја подобрите вашата здравствена состојба, менувањето на овие лоши здравствени навики (или барем некои од нив), би можело да биде токму она што ви е потребно.

Ова се 10 најчести негативни секојдневни навики:

1. Прескокнувате оброци

Истражување објавено во „American journal of epidemiology“, покажа дека луѓето кои прескокнуваат појадок имаат 4,5 пати поголеми шанси да станат дебели. Поголем број на помали оброци во текот на денот ќе го неутрализираат гладот и вкупното ниво на шеќери во крвта.

2. Грицкате нокти

Мало истражување покажа дека бројни бактерии, како ешерихија коли, биле пронајдени кај 76 отсто од луѓето кои грицкаат нокти, во споредба со 26,5 отсто до луѓето кои ја немаат оваа лоша навика.

3. Секојдневно купувате готови или преработени оброци

Ако не сте во можност да готвите секој ден, експертите советуваат да одделите барем еден до два часа во текот на викендот и за тоа време да си подготвите оброци за цела недела.

4. Не ја менувате редовно постелнината

Постелнината мора да се менува редовно, бидејќи во спротивно таа станува „дом“ за бројни бактерии и габи, од кои доаѓа до најразлични опасни зарази.

5. Одите рано во теретана

Под рано одење во теретана се мисли на тоа, ако на пример, сте легнале во 2 наутро, а сте станале во 5, како и секое утро. Ако мислите дека оваа пракса е корисна, тогаш сте во голема заблуда. Иако вежбањето ќе ви го поправи расположението и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми, недостатокот на сон ќе доведе до зголемено производство на хормони на глад, а со самото тоа и поголемо консумирање на храна.

6. Брзате да завршите оброк

Истражување објавено во „Journal of the American dietetic association“, покажа дека учесниците се чувствувале посити кога јаделе побавно. Тие во просек внесувале 66 калории помалку по оброк од лицата кои јаделе брзо. Причина за тоа е фактот дека на мозокот му се потребни 20 минути да препознае сигнал дека стомакот е полн.

7. Првата работа која наутро ја внесувате во вашиот организам е кафе

Точно е дека кафето го поттикнува метаболизмот, но истражување објавено во „The Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism“, покажа дека кај испитаниците кои наутро пред оброк консумирале 500 милилитри вода наместо кафе, била забележана засилена метаболичка активност од 30 отсто.

8. Избегнувате здрави маснотии

Точно е дека мастите се покалорични од протеини и јаглен хидрати по грам, но тоа не значи дека би требало да ги избегнувате. Здравите маснотии (ореви, авокадо, лосос) се неоходни за апсорпција на многу хранливи материи, а покрај тоа тие одржуваат чувство на ситост и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе