На 19.02.2020 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр. 57, кој сообраќал на релација Радишани – Бутел, на ул.„Александар Урдаревски“, поради меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Во пресметката учествувале осум малолетници – тројца на возраст од 15 до 16 години од една страна и петмина на возраст од 13 до 16 години, од друга страна, сите од Скопје.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 и член 34 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.