Вчера поголема група нападнала лице од Скопје, кое било удирано по главата и телото, по што му украле лаптоп компјутер, соопшти МВР.
Ноќеска околу 03:00 часот во ЕИК-Скопје, Ј.Ф. (31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01:00 часот на ул.„Дебарца“ од страна на осум непознати лица му било извршено разбојништво на тој начин што без повод и причина физички го нападнале, удирајќи го во пределот на главата и телото и притоа му одзеле лаптоп компјутер, кој го носел во рака по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.