Осум критични периоди во животот на детето кои треба да ги знае секој родител

Родителството би требало да биде за нијанса полесно кога родителите би знаеле што можат да очекуваат од детето во определена возраст од неговиот живот. Агресивното однесување на вашето четиригодишно дете понекогаш ве наведува да се запрашате дали сте добар родител. Меѓутоа, тоа е сосема нормално однесување на дете на таа возраст. Затоа е важно родителите да знаат како да се соочат во ваквите ситуации.

Новороденче до три месеци

На овaа возраст, бебето плачејќи комуницира со неговите родители. Како родители, ќе научите дека бебете плаче кога е гладно, уморно или кога чувствува некаква непријатност, пишува Bright Side.

Понекогаш, вашето бебе може да плаче без причина. Важно е во тие моменти да го земете во раце и да зборувате со него. Бебињата мора да се чувствуваат сигурно и сакано. Новороденчињата можат да ја почувствуваат емоцијата во вашиот глас, па обраќајте им се со смирен и љубезен тон.

Од 4 до 6 месеци

Вашето бебе се смее и испушта звуци за да одговори на вашите зборови или за да разговара со омилената играчка. Прекрасно е кога родителите го поттикнуваат своето бебе да се смее така што прават смешни гестикувалиции итн. Во овој период бебето станува свесно за луѓето и околината, па затоа е време да го запознаете со други деца и луѓе.

Од 7 до 12 месеци

Бебињата во овој период преферираат да бидат во присуство на мајката. Кога нивната мајка ќе се оддалечи од нив, тие почнуваат да плачат. Затоа, доколку сте во друга просторија, вратете се повторно за да им покажете дека нема да ги оставите сами без разлика каде и да одите.

Прва и втора година од животот

Децата на оваа возраст треба да се социјализираат и да стекнат искуства надвор од нивната куќа. Кога се играат со другите деца, тие сè уште не знаат како да се социјализираат и да ги делат играчките. Па затоа, нормален е изливот на бес, а вие треба да ги научите како да бидат дисциплинирани.

Трета година

Во овој период од животот, децата почнуваат да се плашат од темница или од чудовишта под креветот. Охрабрете ги и научете ги дека нема од што да се плашат, а не самите да ги заплашувате со митски суштества.

Од 4 до 5 години

Децата на оваа возраст можат да ги почитуваат правилата, но и понатаму не го разликуваат доброто од злото.

Четиригодишните деца знаат да бидат агресивни, да се тепаат со нивните браќа и сестри. Тогаш е вистинското време да ги научите на добро однесување и секогаш да ги пофалите кога се однесуваат убаво.

Од 6 до 12 години

На оваа возраст, децата се посветени на нивните пријатели или на романтични врски. Во овој период од животот стануваат љубоморни на другите и сакаат да се натпреваруваат. Покажете им дека треба да ги почитуваат постарите. Обидете се да поминувате што е можно повеќе време со вашето дете.

Од 13 до 18 години

Тинејџерите се споредуваат со другите. Исклучително им е важно да бидат прифатени од нивните пријатели. Затоа треба да ги научите како да се носат со притисокот и стресот. Охрабрете ги да разговараат отворено за своите проблеми и грижи. Романтичните врски им се поважни од порано и сакаат да станат независни.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе