Основен суд Скопје 1: Кабинетот на Иванов да појасни зошто бара службена белешка

Скопје, 16 ноември 2018 (МИА) – Основниот суд Скопје 1 соопшти дека не може поинаку да го разбере освен како обид за директно мешање во независноста на судот барањето на Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов до овој Суд да му достави службени белешки од МВР – УБК кои се дел од заведен судски предмет.

Во таа смисла Основниот суд Скопје 1 денеска, како што информира, до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија доставил известување со кое бара судот да биде известен дали барањето е лично од претседателот или од друго лице во Кабинетот на Претседателот на РМ кое е потпишано на барањето.

– Воедно истакната е и потребата да се појасни од кои причини се бара на увид службена белешка и од каде Претседателот на Република Македонија ја црпи надлежноста да бара увид во судски докази и тоа во фаза на постапување по поднесен обвинителен акт и определни мерки за обезбедување присуство. За судот е важно да се обезбеди и истакне независноста во судското постапување и немешање во судските одлуки, пишува во соопштението на Основен суд Скопје 1.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе