Османи: По извештајот и препораката, очекуваме датум за преговори

Скопје, 19 април 2018 (МИА) - Извештајот  на ЕК во кој Македонија доби чиста препорака за почнување преговори за членство е патоказ кој ни покажува во кој правец понатаму треба да се движиме. Во Извештајот има позитивни, но и негативни забелешки, а нашата нова цел е мошне блиску. Тоа е јунскиот Самит на ЕУ каде очекуваме да добиеме датум за почеток на преговорите.

Ова го порача денеска вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи на презентацијата на „Компаративна анализа-извештаи на Европската комисија за Македонија 2014-2018“ изготвена од Евротинг-Центар за европски стратегии и Фондацијата Отворено општество Македонија.

Османи нагласи дека во претстојниот период Владата влегува со новиот план 18 што ќе биде фокусиран на она што треба да се стори до јунскиот Самит.

- Фокусот сега ќе биде ставен на хармонизација на македонското законодавство со европската легислатива, но секако на политичките и економските критериуми. Над 90 проценти од Планот 3-6-9 се реализирани, но тој во суштина е реализиран сто отсто, рече Османи и додаде дека не случајно овој назив бил избран за планот.

Тоа, според него, не било со цел да се прави пи-ар стратегија, туку самата Влада врз себе да си изврши притисок за да го оствари во зададен временски рок она што беше содржано во него.

Нагласувајќи ја успешноста на 3-6-9 Османи рече дека во целиот процес секогаш биле земени во предвид ставовите на граѓанските организации. Како пример го посочи Законот за бесплатна правна помош кој не беше донесен, а потоа следеа критики.

- Експертската јавност понуди амандмани на над 53 проценти од содржината на Законот и тој е доказ дека мнозинството нема да ја наметнува својата волја, дека мнозинството ќе го консултира цивилното општество во евроинтегративниот процес, рече Османи.

Македонија од Европската комисија беше оценета како земја со најголем успех во исполнување на политичките критериуми во однос на останатите земји од регионот, рече Османи и додаде дека за другите прашања земјата некаде е на второ, некаде на трето место.

Напомена оти Владата не бара екслузивност во процесот за влез на земајта во ЕУ.

- Тој ги надминува мандатите и надлежностите на една Влада. Проектот ЕУ е одговорност на сите чинители, на сите политички партии. Не сакаме политички да профитираме од проектот со ЕУ. Ова е прашање за идните генерации,а не прашање за идните избори, истакна вицепремиерот.

Во процесот на донесувањето на реформските закони, посочи дека не бил постигнат генерален консензус со опозицијата и оти се преговарало фрагмантирано на различни теми, при што досега е постигнат успех и прифатени се голем дел на нивните забелешки.

Директорот на Евротинг, Љупчо Петковски кажа дека разликата од изминатите десет години кога се објавуваше Извештајот на ЕК, е тоа што живееме во еден поинаков контекст.

- На граѓаните не им значи тоа дали имаме чиста и неусловена или условена препорака, на граѓаните им значи тоа што три години по страшната политичка криза и една година по обидите ние да бидеме десороизирани, во Македонија конечно почнаа да се решаваат проблемите и предизвиците. Имаме чувство дека сега имаме Влада која покажа иницијатива и подготвеност да ги решава тие проблеми  и која покажува проактивност, рече Петковски.

Во врска со Извештајот напомена дека во него освен позитивните забелешки, макеоднија е претставена и како земја во која „не тече мед и млеко“ и додаде дека документот и препораката се почеток на еден пат кој ќе биде долг и напорен.

Фани Каранфилова Пановска од Институтот Отворено општество, потсети дека ваква препорака формално Македонија имаше првпат во 2009 година, но нагласи дека и покрај тоа што е формулирана како  безусловна, сепак во неа има услов, а тоа е посветеност на реформите и нивно продлабочување. ЕК сега во фокусот ги става реформите во сферите на владеењето на правото и човековите права, но и економското управување, макроекономските индикатори и пред се управувањето со јавните финансии. За овие области, вели таа ќе има сериозни проценки за земјите од Западен Балкан.

Каранфилова Пановска нагласува дека ЕК забележува оти 20 проценти од македонската економија е сива, а забелешки се ставени и за невработеноста особено кај младите и кај женската популација, за што ќе се бараат итни мерки, а исто така ќе се бара и подготвување на повеќегодишни буџети.

Додаде дека големата работа ќе почне кога земјата ќе добие датум за почеток на преговори, а граѓанските организации во целиот тој процес треба да имаат важна улога од самиот почеток до крајот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе