Филм & ТВ

Оскаровците одговараат: Кој филм сте го гледале првпат во кино?

11. февруари 2020 - 10:44 | А.С.

Номинираните за Оскар за 92. доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука, меѓу кои и членовите на екипата на „Медена земја“ одговараа на многу интересно прашање.

Во видеото што го објави Академијата на официјалниот YouTube канал, меѓу светските филмски ѕвезди се и режисерите на „Медена земја“ Тамара Котевска и Љубо Стефанов, како и продуцентот и монтажер на документарецот, Атанас Георгиев.

Сите одговараа на прашањето „Кој филм сте го гледале првпат во кино?“ односно го споделуваа нивното прво киноискуство.

За Георгиев тоа е филмот „The Fog“ на Џон Карпентер, а за Котевска „The Lion King“.