Авто новости

Opel Corsa е „Автомобил на годината“

24. февруари 2020 - 13:17 | МИА

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ ја прогласи Opel Corsa за освојувач на Гран при во 2020 година.

На изборот што се одржа по јубилеен 25-ти пат, во најтесна конкуренција за наградата покрај Opel Corsa, влегоа и BMW 1, Kia XCeed, Mazda 3, SsangYong Korando и Toyota RAV4.

– По анализатa на сите својства на возилата што беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на националното жири за избор на „Автомобил на годината“ во Македонија, титулата ѝ ја доделија на Opel Corsa, изјави Горан Антевски од националното жири.

При изборот членовите на жирито се раководеа од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост.

Победничкото возило Opel Corsa доби 110 бодови од жирито, пред Mazda 3 со 86 и Toyota RAV4 модел што доби 81 бод.

Гласот од финалистите годинава го доби моделот Mazda 3. Од шесте финалисти за моделот Mazda 3 гласаа три.

Признание „СУВ на годината“ го доби моделот Toyota RAV4.

Наградата „Томислав Биљарац“, која се доделува во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, е за Славка Каленикова.