ОЈО: Обвинение за татко и син кои неовластено држеле оружје и дрога

Скопје, 18 јануари 2019 (МИА) – Скопското Јавно обвинителство поднесе обвинение против татко и син од Скопје за неовластено поседување оружје и дрога. Таткото, како што соопшти денеска Обвинителството е во куќен притвор, а на синот му се определени мерки на претпазливост од судија на претходна постапка.
 
-Основното  јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против две лица – татко и син, кај кои при претрес беше пронајдено огнено оружје и дрога. На таткото му се става на товар дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Неговиот син, пак, е обвинет дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
 
На 22 ноември минатата година, при претрес на домот на обвинетиот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел огнено оружје, поголемо количество муниција, како и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Освен ова, кај осомничениот била пронајдена и наркотична дрога – марихуана со нето маса од 0.80 грама и вага со траги од наркотична дрога.

На истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје, кај кого била пронајдена наркотична дрога марихуана со нето маса од 60.8 грама, спакувана во една полиетиленска кеса.

Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот татко. За синот се уште сé на сила определените мерки на претпазливост од страна на судијата на претходна постапка, велат од Обвинителството. 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе