Огледалце, огледалце, која е најубавата Русинка?

Националниот избор Мис Русија е најголемиот избор на убавина во земјата, основан во 1927 година. Моментално има поддршка од руското Министерство за култура.

Годинава носителка на круната и титулата е Алина Санков од Азов. Прва придружничка е Арина Верина од Екатеринбург, а втора е Ралина Арабова од Татарстан.

Во финалето што се одржа викендов во концертната сала Barvikha Luxury Village се натпреваруваа 50-те најубави девојки во Русија.