Стефано Пиоли и Симоне Инѕаги ги одредија почетните 11 со кои ќе истрчаат на големото италијанско дерби, популарното Дерби дела Мадонина.
Милан, кој на хартија е домаќин на овој натпревар, ќе излезе со Мајк Мењан помеѓу стативите, во одбраната Давиде Калабриа, Матео Габиа, Фикајо Томори и Тео Ернандес, во средината Јасин Адли и Тиџани Рајндерс плус Јунус Муса, Рубен Лофтус-Чик и Кристијан Пулишиќ, а во нападот истурен Рафаел Леау.
Градскиот сосед Интер, кој по овој натпревар може да ја прослави титулата доколку не загуби, ќе стартува со: на голот Јан Зомер, во одбраната Бенжаман Павар, Франческо Ачерби и Алесандро Бастони; по страничните позиции Матео Дармјан и Федерико Димарко, во средината Николò Барела, Хакан Чалханолу и Хенрих Мхитарјан, а во нападот Маркус Турам и Лаутаро Мартинес.
Тешката задача да ја дели правдата ќе ја има 33-годишниот Андреа Коломбо од Комо, а ќе му помагаат Мели и Аласио, додека четврти судија е Маса. Во ВАР-собата ќе бидат Марини и асистентот Мариани.
Натпреварот на „Џузепе Меаца“ стадионот во миланската населба Сан Сиро почнува во 20:45 часот, а директен пренос на територијата на Македонија ќе оди на Arena Premium 1.