СЕРИЈА А 2023/2024

Одлучувачкото дерби на сезоната во Серија А ќе го суди Мареска

Филип Здравески
/ 31.01.2024 / 16:03

Фабио Мареска е официјално одбран за главен судија на Дерби д'Италија в недела, што истовремено ќе биде и одлучувачко дерби за титулата сезонава.

Лидерот Интер в недела од 20:45 на „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано ќе го пречека предизвикувачот Јувентус во она што за Италијанците е најдолемо дерби на Чизмата.

За оваа прилика тешката задача да ја дели правдата ја доби Фабио Мареска, 42-годишниот пожарникар од Неапол.

Ќе му помагаат Алесандро Џалатини и Чиро Карбоне, со Даниеле Довери како четврти судија.

Во ВАР собата, задолжен за корекција на спорните ситуации, ќе седи Масимилиано Ирати, со Алеандро Ди Паоло како негов помошник.

Неделниот натпревар за мнозинството е пресметка на сезоната во Серија А, бидејќи Интер води на табелата пред Јувентус со само еден бод, но има и натпревар помалку.

Мареска сезонава им судеше и на „Нераѕурите“ и на „Бјанконерите“. Интер со него има две победи и тоа 1:0 дома против Рома и 2:0 на гости кај Лацио. На Јуве му судеше само во 3:1 победата над Лацио.

Овој натпревар може да се покаже решавачки за крајниот изглед на табелата. Интер со евентуална победа значително би се одлепил на +4, со шанса и за поголема разлика ако победи и на одложениот натпревар. За Јуве евентуалната победа среде Милано не би била само сладок триумф над лутиот ривал, туку и избивање на првото место со два бода предност и надеж дека Интер потоа ќе киксне. Реми би ја оставило табелата на статус кво.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе