Облачно со дожд, пообилни врнежи во јужните делови

Претежно облачно време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови од земјава.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје слично време со повремен дожд и максимална температура до 11 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Маврово – 17 литри на метар квадратен, а таму утринава и минималната температура се симнала еден степен под нулата.

Во останатите градови низ државата минималните температури се над нулата.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од три до 13 степени,

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 11 степени.

Во недела и почетокот на идната недела ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе