Концепти

Објавен тизер за новиот Škoda Scala Spider

22. март 2020 - 11:33 | М.С.

Чешката компанија Škoda го објави тизерот за новиот модел на автомобил чијшто концепт е развиен од студенти.

Се работи за радикално поинакво возило во однос на минатогодишниот off-road pickup базиран на Kodiaq наречен Mountiaq. Ова е уште еден уникатен модел кој е базиран на моделот Scala.

Како што може да се види на скицата, се забележуваат очигледни промени, недостасуваат предните врати и седишта, како и кровот.

Во проектот учестуваа 20 студенти кои работеа на новиот автомобил неколку месеци.

Го отстранија кровот и го редизајнираа задниот дел на автомобилот за да добијат елегантна каросерија. Задниот дел на автомобилот наликува на Porsche 911 Speedster.

Автомобилот ќе биде претставен во јуни.