Објавен првиот трејлер за комедијата „Free Guy“

Објавен е првиот трејлер за филмот „Free Guy“ во кој во главната улога е Рајан Рејнолдс.

Во епската авантуристичка комедија на 20th Century Fox, Рајан е банкар кој открива дека е играч во видеоигра.

Тој сака да биде херој во сопствената приказна. Во светот во кој нема ограничувања, одлучува да го спаси својот свет пред да стане предоцна.

Премиерата на филмот е закажана за 3 јули 2020 година.