Објавен првиот повик за директна бескаматна поддршка на угостителството, туризмот и товарниот транспорт

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Република Северна Македонија.

Како што соопшти денеска директорот на Банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредититраат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвидноста. Аплицирањето може да почне од ноќеска на полноќ.

Висината на кредитите ќе зависи од големината на компанијата, односот од бројот на вработени, а минималниот износ е 3.000 евра. Микро компаниите со максимум 10 вработени ќе може да аплциираат за кредит од 3.000 до 5.000 евра, малите компании со 10 до 50 вработени за 10.000 до 15.000 евра, а средните компании со 50 до 250 вработени за кредит од 15.000 до 30.000 евра.

Каматата за кредитите е нула проценти, отплатата 24 месеци, а грејс периодот шест месеци.

Според Наумов, поддршката со бескаматните кредити ќе продолжи и ќе се прошири на другите сектори кои дополнително ќе се утврдат.

-Почитувајќи ги препораките за заштита на јавното здравје, аплицирањето за кредитите од јавниот повик ќе биде електронски, а потребната документација ќе се доставува на меил адресата: kreditiranjecovid1@mbdp.cm.mk, истакна Наумов.

Владата минатата недела на прес-конференција соопшти дека ќе се обезбеди директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компани и субвенционирање на придонесите за април, мај и јуни, како дел од првиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот. Како што рече тогаш вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, обезбедени се 5,7 милиони евра од Развојната банка кои ќе се наменат за микро, малите и средни компании чија економска активност е погодена од COVID-19. Секоја компанија во зависност од бројот на вработени ќе може да добие од 3.000 до 30.000 евра.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе