Објавен финалниот трејлер за „Star Wars: The Rise of Skywalker“
Обожавателите на „Star Wars“ имаат можност да го погледнат финалниот трејлер за „The Rise of Skywalker“, чија премиера е закажана за 20 декември. Улогите ги толкуваат Марк Хамил како Лук Скајвокер, Били Ди Вилијамс како Лендо Калрисијан и починатата Кери Фишер која ја репризира улогата на Леа, благодарение на претходно необјавени снимки за „The Force Awakens“.
Трејлерот завршува со зборовите на Скајвокер, кој вели „Силата нека биде со тебе“, додека втор глас додава „Секогаш“.
„The Rise of Skywalker“ е деветтата и финална епизода од приказната за Скајвокер. Тоа е директно продолжение на „The Last Jedi“ од 2017 година и ќе ја комплетира новата „Star Wars“ трилогија на Disney, започната во 2015 година со „The Force Awakens“.