Наука

Ново истражување: Apple Watch помага во откривање на тешки болести

29. јануари 2020 - 9:55 | М.С.

Компанијата Apple соработуваше со медицинскиот центар на Универзитетот Стенфорд за да откријат дали часовниот на Apple може да открие дали корисникот страда од атријална фибрилација.

„Овие истражувања ги нарековме виртуелни. Учесниците немаа потреба да доаѓаат во болница. Требаше само да ја преземат апликацијата, а потоа да почекаат за резултатите од прегледот“, вели кардиологот и главниот автор на студијата д-р Марко Перез.

Перез објаснува дека пациентите кај кои е утврдена неправилна работа на срцето, не морале да доаѓаат во ординацијата.

„Преку телефон разговараа за тоа како да се поврзат со нивниот лекар. Податоците до нашиот медицински центар пристигнуваа со помош на часовникот на Apple, а резултатите од ЕКГ, на пациентите им ги праќавме по пошта. Сето ова беше многу лесно да се изведе“, додаде доктор Перез.

„Верувам дека дигиталната трансформација е иднината на здравјето“, вели директорот за иновации на Американскиот кардиолошки колеџ и додава дека оваа метода ќе го промени начинот за лечење на пациентите.

Тивок убиец

Атријална фибрација е најчеста причина за мозочен удар во САД. Секоја година убива 130.000 луѓе, а 750.000 луѓе завршуваат во болница.

Атријална фибрилација претставува континуирано хаотично индуцирање и ширење на повеќе независни бранови на електрични импулси низ атриумите, кои водат до неправилно спроведување на импулсите до коморите. Најчест извор на атријални аритмии се остиумите на пулмоналните вени поради краткиот рефрактерен период и брзата исхемична промена на миоцитите.

„Во иднина, студиите би требало да го проверат учинокот на дигиталната технологија во комбинација со стратегии на ефективно ангажирање на лекарите. Со тоа се намалува ризикот од сериозни здравствени нарушувања“, вели лекарот Митеш Пател.

Уредите како што се паметните часовници имаат многу предности за истражување на други здравствени проблеми кај корисниците.

Часовникот на Apple испрати информации за здравјето на 419.000 пациенти и истражувачите наведуваат дека тоа е најголемиот успех на студијата.

Најголемиот број на корисници кои имаат Apple часовник се на возраст од 22 до 39 години, а повеќето заболени од атријална фибрилација се постари од 65 години. Ова е единствената замерка за оваа студија.

Истражувањето е дизајнирано така што Apple не може да има пристап до приватните информации на сопствениците на часовниците. Сите податоци беа достапни за лекарите, но не и на Аpple.

Доктор Перез заклучи дека научниците сега знаат како се прави клиничко истражување во кое учествуваат голем број на учесници, а истовремено да бидат заштитени нивните податоци.