Концепти

Новите модели BMW M3 и M4 ќе развиваат повеќе од 500 кс

21. јануари 2020 - 11:08 | М.С.

Спортските модели на BMW, M3 и M4 ќе бидат претставени оваа година.

Моделот од серијата M имаше одлична година, а и овие модели ветуваат многу.

Во минатата 2019 година се продадени 139.829 автомобили M Sport купе и седан со високи перформанси како што е моделот M5, а со тоа е поставен и нов рекорд на продажбата.

Со објавување на резултатите од продажбата, BMW најави дека оваа година ќе бидат претставени новите модели M3 и M4.

И двата модела ќе ја имаат решетката за ладилникот која беше претставена на концептите за новите модели.

Се појавија гласини дека барем еден од овие два модела ќе го придвижува 3,0-литарски 6-цилиндричен турбо бензин мотор кој ќе развива повеќе од 500 коњски сили.

Новите модели ќе бидат достапни со погон на сите четири тркала, со мануелен и автоматски менувач. M3 и M4 ќе бидат претставени оваа година, а се очекува дека новите модели ќe почнат да се произведуваат наредната година.