Новите рендери објавени на Тwitter се однесуваат на новата OnePlus 8 серија на мобилни телефони кои ќе бидат достапни во три нови бои.
Новите бои се Interstelar Glow(комбинација од црвена и виолетова) и Glacial зелена и Onyx црна боја. Засега не е познато дали трите нови бои ќе бидат во понуда и за OnePlus 8.
OnePlus 8 pro ќе има 6,78-инчен QHD+ екран со фреквенција на освежување од 120 Hz, LODDR5 RAM, четири задни камери, батерија со капацитет од 4.510 mAh.
Смартфонот ќе биде водоотпорен според IP68 стандардот и ќе поддржува 30W безжично полнење.
Помалиот модел OnePlus 8 ќе има 6,55-инчен FHD+ екран, фреквенција на освежување од 90Hz, три задни камери, LPDDR4X RAM, батерија со капацитет од 4.300 mAh, но нема да има безжично полнење.
И двата уреда ќе добијат Qualcomm Snapdragon 865 5G процесор.
На пазарот пристигнуваат во април.