Новиот модел Audi R8 ќе има хибриден погон

Во одделот на Audi Sport ја најавија третата генерација на суперспортскиот модел R8 на чијшто мотор со внатрешно согорување ќе му асистираат електрични мотори.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но во последната изјава за медиуми од Audi најавија дека моделот ќе биде со хибридна погонска комбинација.

Во одделот Audi Sport велат дека со електрификацијата ќе ги исполнат сите строги норми за емисијата на издувни гасови на моторот со внатрешно согорување, а на купувачите ќе им понудат R8 кој ќе има уште повеќе сила во однос на моделите од актуелната генерација.

Помеѓу најголемите предизвици е тоа како да останат конкурентни на пазарот бидејќи се појавија многу спортски модели со високи перформанси. Тие се надеваат дека со електрификацијата ќе овозможат да го задржат V10 моторот и во третата генерација на моделот R8.