Концепти

Новиот Hyundai i20 ќе дебитира на Саемот за автомобили во Женева

6. февруари 2020 - 15:52 | М.С.

Huyndai ги објави дизајнерските цртежи од третата генерација на моделот i20 која ќе биде премиерно прикажана на Саемот за автомобили во Женева.

Иако скиците од дизајнерите не даваат целосна слика како ќе изгледаат автомобилите, воочливо е дека Hyundai i20 ќе има атрактивен изглед во однос на актуелната генерација на овој автомобил.

Како што наведуваат од корејската компанија, новиот i20 ќе биде првиот модел на Hyundai во Европа на кој ќе биде применет дизајнерскиот јазик „Sensuous Sportiness“.

Во споредба со претходникот Hyundai i20 од третата генерација ќе има нагласен спортски имиџ и динамичност.