Авто новости

Новиот електричен автомобил на BMW ќе биде вистински „ѕвер“

21. септември 2019 - 15:51 | М.С.

Пред помалку од два месеци се појави информацијата дека BMW прави две верзии на електричен автомобил, а едната од нив ќе ја носи титулата за најмоќен автомобил во историјата.

Основната верзија ќе има ознака i7, батерија од 100 kWh, а максималната сила на двата мотори ќе изнесува околу 550 коњски сили.

Освен тоа, BMW ќе ја продава и верзијата со ознака i7S, кој всушност ќе биде најмоќниот продукт од Серија 7 во историјата на компанијата. Електричните мотори ќе ги напојува батерија од 129 kWh. Благодарение на споменатата сила, i7S за помалку од 3,91 секунди ќе може да достигне брзина од 100 км/ч.

Но, BMW секогаш избира хибридни модели, па во хибридната Серија 7, новите автомобили ќе имаат 560 коњски сили и 800 Nm максимален вртежен момент.

Новите модели на серија 7 се очекуваат кон крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година.