Новиот Cupra Formentor ќе дебитира на Саемот во Женева

Продукциската верзија на Cupra Formentor ќе дебитира во Женева.

Cupra, брендот на Seat, официјално потврди дека на Саемот за автомобили во Женева ќе ја претстави продукциската верзија на моделот Formentor.

Официјалната премиера на Cupra Formentor ќе биде на женевскиот саем во март, а продажбата ќе започне во втората половина од годината. И покрај тоа што спортскиот Leon е претставен порано, тој ќе биде достапен по кросоверот. Од Cupra потврдија дека моќниот хетчбек и караван ќе се појават во последниот квартал од 2020 година.

Од Cupra сè уште ги кријат техничките спецификации, но постојат големи шанси дека Formenter ќе го добие истиот plug-in погон како и електрифицираниот Leon.

Се работи за комбинација од 1,4-литарски TSI мотор и електричен мотор кои развиваат 242 коњски сили.

„Formentor ќе дебитира како Cupra, но би можеле да се појават и верзии од SEAT“, вели шефот на одделот за дизајн на Cupra, Алехандро Месонеро-Романос.