Вкупниот број на заболени лица од COVID-19 во нашата држава се искачи на 430, направени се 389 тестирања во последните 24 часа.
Досега се направени вкупно 4.506 тестови.
Како што соопшти Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на COVID-19 сè уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска со два контролни негативни теста на COVID-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.
Според место на живеење регистрирани се случаи во:
Скопје 208, Куманово 85, Дебар 49, Штип 15, Прилеп 22, Тетово 15, Струга 9, Велес 8, Битола 4, Охрид 3, Кавадарци 2, Гостивар 2, Гевгелија 4, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 1.