Новак Ѓоковиќ направи промени во тимот

Тенисерот Новак Ѓоковиќ во недела ќе настапи на Ози опен, а ривал му е 18-годишниот Хрват Дино Прижмиќ.

На стартот од новата сезона тој направи промени во тимот, па Чарли Гомес Ерер повеќе нема да биде спаринг партнер, туку ќе му помага на тренерот Горан Иванишевиќ.

– Чарли е во улога на менаџер на тимот. Тој сè уште учествува како помошник тренер, но повеќе е тим-менаџер. Добро ја исполнува улогата иако нема големо искуство. Тој е посветен, учи и брзо напредува. Тој е мој пријател, некој на кој имам доверба и можам да се потпрам. Тој убаво го надополнува мојот менаџер Марк Маден – изјави Ѓоковиќ.

Сепак, тоа не беше единствената вест.

– Електра е уште една личност која ќе биде дел од нашиот менаџерски и брендинг тим. На Грен слемовите имаме поширок состав, пополн состав, бидејќи има многу обврски кон спонзорите кои треба да ги покриеме – додаде тенисерот.

Тие ќе им се приклучат на Горан Иванишевиќ, Марко Паники, Миљан Амановиќ и Клаудио Чимаља, кои го сочинуваат тимот на светскиот тенисер број еден по заминувањето на Елена Капељаро и Едоарт Арталди.

Турнирот во Мелбурн започнува на 14 јануари, а Новак Ѓоковиќ повторно ќе ја брани титулата освојувач, а доколку успееше да го одбрани пехарот – би стигнал до својот јубилеен 25. Грен слем трофеј во кариерата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе