Музика

Нов сингл на Тејлор Свифт, ќе биде ли поуспешен од претходниот?

4. септември 2017 - 14:20 | М.Д.

Популарната американска пејачка Тејлор Свифт синоќа ја објави својата нова песна под назив „...Ready For It?“, која веднаш предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.

Оваа песна претставува втор сингл и уште една најава на албумот „Reputation“, кој се очекува да биде објавен на 10 ноември.

Тејлор Свифт кон крајот на месец август ја објави првата песна и видео запис со која го најави овој албум, „Look What You Made Me Do“.  

Последниот албум на Тејлор Свифт „1989“, беше објавен  во 2014 година и освои три Греми награди, како и престижната награда за албум на годината.