Нотен запис на Моцарт продаден за 372.500 евра

Париз, 19 ноември 2019 (МИА) – Оригинална партитура за менуети којaшто Волфганг Амадеус Моцарт ја напишал кога имал 16 години и која била дел од колекцијата ракописи на австрискиот писател Штефан Цвајг, е продадена денеска во Париз за 372.500 евра, скоро двојно повеќе од почетната цена.

Композицијата со два завршени менуета за оркестар, првично била проценета меѓу 150.000 и 200.000 евра. Компонирана е 1772 година во Салцбург.

– Цвајг бил голем колекционер на нотни записи, меѓу нив можеби најзначајни се Моцартовите. Ова е единствениот примерок од партитурата. Моцарт секогаш застанувал кај првата верзија, за разлика од Бетовен, кој постојано би му се враќал на својот труд, рече Сајмон Мегваер, стручњак за музички ракописи во аукциската куќа Sotheby's.

На нотниот запис, со ракописот на Моцарт е напишано и „готово”. Тој никогаш никаде не е објавен, има неколку исправки и мали измени, од кои една или две се од таткото на Моцарт, Леополд. Композицијата ја зачувала сестрата на славниот музичар, Марија Ана, а на крај делото завршило во обемната колекција на Штефан Цвајг.

Записот е единствен од „Шест менуети К.164“ којшто сè уште е во приватна сопственост. Наддавањето е во рамки на продажбата на дела од библиотеката на познатиот швајцарски библиофил Жан-Франсоа Шапонје.

Моцарт своите први музички дела ги компонирал како дете со помош на татка си.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе