Носиш торба за пазарење и мислиш дека си еколошки освестен?

Без никаков обид да ги обезвредниме индивидуалните или групните напори за зголемување на еколошката свест и одржување на животен стил заснован на начелата на одржливоста и заштедата на енергија и ресурси, да, признаваме дека насловот на овој прилог е провокативен.

Сепак, кога веќе сте тука, погледнете го видеото на Casually Explained за да дознаете колку од вашите напори навистина вродуваат со плод и дали правите нешто со кое несвесно ѝ штетите на планетата Земја повеќе отколку ако секој ден пазарите во најлонска кеса, иако селектирате отпад, купувате second hand, не пиете со пластична сламка и возите тротинет.