НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Препознавајќи ја трансформативната моќ на образованието во обликување на подобра иднина, НЛБ Банка се придружи кон глобалната иницијатива во одбележување на Меѓународниот ден на образованието. Виталната улога што образованието ја има во напредокот и толеранцијата, НЛБ Банка ја усогласи со една од своите три основни вредности „Се развиваме“.

Образованието е идентификувано од Банката како клучен двигател за напредок, личен и организациски раст. Токму затоа, Банката континуирано вложува во едукација и професионална надградба на своите вработени. Во 2023 година, НЛБ Банка организираше речиси 8.000 учества на тренинзи и 400 обуки, акумулирајќи повеќе од 42.200 часа едукација или во просек повеќе од 44 тренинг часови по вработен.

Значаен акцент, со над 4.600 часа беше ставен  на „Data management” едукација  како важен сегмент од работењето на Банката, но и на бројни тим билдинг активности за унапредување на сплотеноста, заедништвото и соработката помеѓу вработените.

„Ние сме амбициозни, љубопитни и постојано учиме затоа што веруваме во моќта на образованието. Создаваме амбиент на лични и организациски вложувања кои потикнуваат раст, претприемништво и го подобруваат животот“, истакнуваат од НЛБ Банка, акцентирајќи ги своите вредностите на кои НЛБ ја темели својата организациска култура.

реклама

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе