НХЛ и здружението на играчи се согласија за планот за продолжување на сезоната

Најсилната светска хокеарска лига во светот и Националната асоцијација на играчи на лигата (НХЛПА) постигнаа прелиминарен договор за планот за продолжување на сезоната.

Поставени се следните датуми: 13 јули - почеток на официјалниот камп за тренинг; 26 јули - клупски патувања во градовите домаќини; 1 август - почеток на квалификациската рунда. Прелиминарниот договор во моментов е одобрен од одборот.

Покрај тоа, беше договорен меморандум за разбирање, кој додава дополнителни четири години на терминот на овој колективен договор и вклучува правила за трансфери и нов календар на критични датуми.

НХЛ лигата беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус. Продолжението ќе биде во скратен формат со најдобрите 12 тимови од двете конференции кои ќе играат во Стенли Куп разигрувањето. Тимовите пласирани од 5. до 12. место ќе играат квалификации, а првите 4 од секоја конференција директно обезбедија пласман. Табелата беше направена со вадење просек на освоените бодови и одиграните натпревари бидејќи не сите тимови имаа ист број на одиграни натпревари до моментот на прекинот.

Екипите кои директно се пласираа во плеј-офој ќе играат помеѓу себе за да одредат од која стартна позиција ќе настапат во разигрувањето.

Ќе играат по принципот во група секој со секого. На Истокот во групата се Бостон Бруинс, Тампа Беј Лајтнинг, Вашингтон Капиталс и Филаделфија Флаерс, додека на Запад тоа се Сент Луис Блуз, Колорадо Аваланш, Вегас Голден Најтс и Далас Старс.

Источна конференција квалификации:
Питсбург Пенгуинс (5) - Монтреал Канејдиенс (12)
Каролина Хјурикејнс (6) - Њујорк Рејнџерс (11)
Њујорк Ајлендерс (7) - Флорида Пантерс (10)
Торонто Мејпл Лифс (8) - Колумбус Блу Џекетс (9)

Западна конференција квалификации:
Едмонтон Ојлерс (5) - Чикаго Блекхокс (12)
Нешвил Предаторс (6) - Аризона Којотис (11)
Ванкувер Канакс (7) - Минесота Вајлд (10)
Калгари Флејмс (8) - Винипег Џетс (9)

Пресметките ќе се играат по принципот подобар од 5 натпревари.

Тагови
реклама

Останати спортови

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more
 

Спорт

Швајцарија ја доби вајл-картата за ракометниот Мундијал 2025

Читај повеќе
  • filter

Возачи што најдолго чекаа на својата прва победа во Ф1

Читај повеќе

25 фудбалери повикани во младата репрезентација за јунските контролки

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп го разнежни подарок од навивач на Ливерпул, ќе го чува на посебно место

Читај повеќе

Протекоа пораки во кои Чеферин го навредува Перес: Тој е идиот и расист

Читај повеќе

Семејството Шумахер доби оштета за лажното интервју

Читај повеќе

Во Лондон паднал договор: Ханси Флик ќе ја води Барса

Читај повеќе

За прв пат една лига може да има 6 учесници во ЛШ, Италијанците тријат раце

Читај повеќе
  • play_arrow

Тренерот на Аталанта: Испишавме историја

Читај повеќе