Филм & ТВ

Нѐ предупредија за оваа сезона на „Game of Thrones“ ама не им верувавме

14. мај 2019 - 12:45 | К.З.

Ниту една серија нема направено толкава револуција во начинот на кој се гледаат и доживуваат сериите како што тоа го направи „Game of Thrones“. И одеше одлично цели седум сезони. Но, тогаш се појави осмата и последна сезона, која фановите ја опишаа како „најлошата досега. Актерите нѐ предупредуваа, но никој не им веруваше...

Откако ќе го изгледате видеото, веројатно ќе ви стане јасно она што на сите од актерската екипа им беше јасно уште пред премиерата на првата епизода од оваа сезона – фановите ќе бидат многу, многу разочарани.

Договорите ги обврзуваат актерите да не споделуваат спојлери и детали за серијата, па дури и да велат пред камерата дека ова е „најдобрата сезона досега“ ама нивните лица кажуваат сосем различна приказна. Изгледа дека тие пробуваа да ни кажат дека последната сезона „не ја бива“ користејќи ги сите знаци и начини кои им се дозволени, без директно да го кажат тоа.

Незадоволството кај актерите веројатно и не е толку големо како она на фановите, кои цели седум сезони ја чекаа разврската од серијата и на крајот добија максимално разочарувачка сезона која не им ги исполни стандардните кои „Game of Thrones“ ги постави во изминатите осум години. Актерите барем беа платени за тоа.

Последната (петта) епизода од оваа сезона има најлоша оцена на IMDB од сите епизоди досегa, а нема ниту еден знак кој вели дека „Game of Thrones“ ќе успее да ги задоволи апетитите на фановите со последната епизода.