Низ танц научете како правилно се мијат рацете

Откако излезе виетнамскиот хит за корона вирусот, неминовно беше да излезе и посебен танц.

Куан Дан е танчар, кореограф, актор и пијанист од Виетнам. Откако излезе песната „Ghen Cô Vy“ под покровителство на Виетнамскиот институт за здравство, Дан реши да направи и посебен танц.

Тој танцува на рефренот на песната во кој на виетнамски се објаснува како правилно треба да се мијат рацете за да се заштитите од корона вирусот, а Дан преку танц сето тоа го презентира на многу интересен начин.