Автомобили

Nissan претстави седиште кое детектира пот и предупредува на дехидрација

2. октомври 2017 - 20:30 | М.Д.

Компанијата Nissan претстави прототип седиште кое може да детектира пот, да предупреди на дехидрација и на тој начин да спречи сообраќајни несреќи.

Технологијата наречена Souk ја менува бојата на седиштето доколку потта е богата со сол, што се смета за дехидрација.

Поранешните истражувања на Европскиот институт за дехидрација покажало дека дехидрираните возачи се склони на грешки исто како и оние кои консумирале алкохол.

Моментално нема план за производство на Souk седишта, но технологијата дава ветувачки резултати.

Материјалот чувствителен на пот го разви и произведе холандската компанија Droog, која на нив ставила и управувач, а кој заедно со седиштето во случај на дехидрација ја менува бојата од плава во жолта.