Никарагва, каде фудбалот не запира, а играчите бараат прекин

Оваа централноамериканска земја е само една од трите во светот каде фудбал и натаму се игра. Властите не сакаат да слушнат за прекинот кој играчите го бараат.

Белорусија, Бурунди и Никарагва. Како никогаш досега фудбал се игра во само три земји од целиот свет. Една по една полека сите држави ги прекинуваа првенствата, а останаа само три најупорни.

Никарагва е држава во Северна Америка, или попрецизно во Средна Америка лоцирана помеѓу Хондурас и Костарика, две далеку попознати фудбалски имиња. Главен град е Манагва, а земјата брои нешто над 6 милиони жители. Коронавирусот не ја одмина ниту неа, а до денес се регистрирани само 5 случаи на заразени жители од кое 1 веќе почина.

Првата лига на земјата брои 10 клубови, исто како и македонската. Активно се игра, нема никаков прекин. Веќе се одиграни 13 кола од новата 2020 сезона, а последното коло се комплетираше синоќа. Лидер е Манагуа со 29 бодови, два повеќе од второпласираните Реал Естели и Диријанхен.

Интересна информација која доаѓа од оваа земја е тоа што иако фудбалот се игра, сепак повеќето клубови се резервирани околу ова непрекинување. Затоа, фудбалерите на најтрофејниот Диријанхен на последниот натпревар во знак на протест излегоа носејќи заштитни маски.

Како и да е, фудбалот во Никарагва продолжува со наредното коло закажано за в недела. Напреварите се пренесуваат во живо на каналот на YouTube на лигата.

Инаку, Никарагва не може да се пофали со некоја богата фудбалска историја. Репрезентација никогаш се нема квалификувано за настап на Мундијал иако е членка на ФИФА од 1950 година. На континенталното првенство на Северна Америка има учествувано вкупно 5 пати меѓу кои и на последните две издание. Учинокот им е катастрофален: 0 победи, 1 реми и 17 порази со гол-разлика од 6:50.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе