Ни Роналдо не ја скрши „клетвата“на Јуве: Што понатаму?

Јувентус го донесе Кристијано Роналдо за да може конечно да ја освои Лигата на шампиони. Не успеа.

Иако доминира во Серија А и имаше сигурна игра во ЛШ, „Старата дама“ неочекувано беше запрена од Ајак во четвртфиналето.

Роналдо беше на свое ниво, постигна шест гола во девет натпревари во ЛШ, но тоа не беше доволно за влез во полуфиналето.

Со оглед на тоа дека проектот не успеа и Роналдо не успеа да ја скрши клетвата на Јуве, италијанските медиуми веќе шпекулираат дека италијанскиот првак и Португалецот ќе се разделат.

„Јувентус ќе го гради тимот околу Роналдо, ни само за наредната сезона. Договорот му трае до 2022 година, но Португалецот ќе му даде на торинскиот клуб шанса само уште една година, а потоа заминува. Над Масимилијано Алегри се надвиснува сенката на Антонио Конте, а Крстијано ќе го гледаме во Јувентус само уште следната сезона и тоа е тоа“, уверено предвидува La Repubblica.

Јувентус лани летото го донесе Роналдо од Реал Мадрид за 100 милиони евра, а португалецот прв пат беше елиминиран во четвртфиналето на ЛШ по 11 успешни преминувања во полуфиналето.

„Кристијано е тажен. Сакаше да влезе во финале. Ми рече: ‘Мамо, се трудев, но не правам чуда. Жал ми е’“, рече мајката на Роналдо.

Португалецот пет пати беше првак на Европа, а Јувентус чека титула од 1995 година.

„Ова е разочарување што не може да помине без последици и пораз што амбициозниот спортист не може да го преболи“, додава La Gazzetta dello Sport.

Во полуфиналето на ЛШ ќеиграат Тотенхем-Ајакс (30 април) и Барселона-Ливерпул (1 мај).

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе