Ракомет

НФЛ ѕвезди се пробаа во ракомет, оценете сами колку ги бива

6. март 2020 - 10:51 | Ф.З.

Откако поранешниот квотербек Џеј Катлер се исмеваше со ракометот тврдејќи дека е премногу лесен спорт, негови соиграчи решија да се пробаат.

Се собраа 19 играчи од НФЛ, некои активни, а некои во пензија и решија да заиграат ракомет, да го пробаат тој толку лесен олимписки спорт. Меѓу нив беа и ѕвездите Тод Гарли од Лос Анџелес Рамс и Баркивиас Минго од Хјустон Тексанс.

Колку беа очајни, говори видеото. За бељата да биде поголема, нивната бламажа се случи во срцето на Европа, на скорешно патување во Унгарија каде заиграа кај тимот на Ференцварош.

Очекуваме Џеј Катлер да се јави со детална анализа за играта на неговите херои...