Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Неверојатната фотографија е направена за прв пат во историјата и ги воодушеви сите љубители на природата и животните.

Речиси 700 млкаденчиња царски пингвини за прв пат се снимени како нуркаат во студените води на Антарктикот скокајќи од застрашувачка ледена карпа висока 15 метри.

Неверојатниот скок се смета за клучен обред на премин за младите пингвини, што го означува нивното прво пливање откако нивните родители веќе се во морето, велат експертите.

Снимката, која го овековечи момент кој досега не беше фатен на камера, ќе биде дел од претстојната документарна серија наречена „Тајните на пингвините“.

Пилињата на царските пингвини обично прв пат пливаат на возраст од околу 6 месеци. Тие се собираат во големи групи и скокаат од само неколку метри во океанот или едноставно се лизгаат во водата од снегот. Меѓутоа, на драматичната снимка која неодамна ја снимил истражувачот на Nat Geo, Берти Грегори, околу 700 бебиња пингвини се нашле на опасна локација и биле видени како скокаат од ледената карпа.

„Тоа се вика пердувување, кога прв пат ќе испливаат“, изјави Берти за Good Morning America.

Берти кампувал на Антарктичкиот Полуостров околу два месеца следејќи јато младенчиња пингвини пред да го види неверојатниот момент низ објективот на неговата камера.

„Обично скокаат од морскиот мраз кој е висок еден или два метра, но забележав дека оваа група се движи кон друго место. Затоа одлетав таму со дрон за да видам што се случува и сфатив дека се трупаат на работ на огромна ледена карпа од 15 метри“, додаде тој.

Дронот на Берти снимил сцена на пингвини кои ѕиркаат од работ на карпата и колебливо гледаат надолу во океанот што ги поканува. Конечно, еден бестрашен пингвин ја презел контролата и храбро скокнал во водата долу.

„Еден по еден почнаа да скокаат од оваа ледена карпа за прв пат да пливаат во Јужниот Океан“, рече Берти.

Remote video URL

„Не можам да верувам дека го фатија на камера“, вели конзерваторскиот биологотМишел ЛаРуе.

Мишел одлучи да остане надежна и верува дека способноста на царските пингвини да се прилагодат може да им помогне да се справат со климатските промени што се случуваат на Антарктикот.

„Тие се неверојатно отпорни. Постојат милиони години; виделе многу различни промени во нивната околина. Прашањето е колку брзо можат да се справат со промените што се случуваат“, рече таа.

Тагови
реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе