Неодолив пилав со јагнешко и лук на узбекистански начин

Пилав е добро познато јадење кое го има во многу кујни, но овој оригинален рецепт кој доаѓа од Централна Азија ќе ви донесе поинаков вкус и нешто ново на вашата трпеза.

Традиционалниот рецепт за пилав во Узбекистан подразбира користење разноврсно месо, а најчесто се прави со јагнешко. Наместо печење, Узбекистанците долго го варат, а дури на крајот додаваат добро измиен ориз. Во узбекистанскиот пилав можете да додадете лута пиперка за да биде пикантен.

Потребни состојки:

  • 1 кг ориз
  • 1 кг јагнешко
  • 1 кг моркови
  • 1 кг кромид
  • 2 лути пиперки
  • неколку главици лук*

*Узбекистанците традиционално готват со цели главици лук, а не чешниња, за подобар вкус.

Подготовка:

Оризот измијте го неколку пати, па процедете го и пропржете го околу 5 минути на суво и загреано тавче. Месото исечкајте го по желба, како и кромидот и морковите. Во голема тава загрејте масло, па додавајте една по една главица лук. Пржете додека не добијат златна боја, а потоа извадете ги, а додадете го сечканиот кромид. Кога ќе омекне и добие кафена боја ставете го месото, па пржете некои 10-15 минути. Потоа додадете морков и пржете уште 3 минути. Промешајте, па додадете зачини по желба, што повеќе - тоа подобро, па прелијте со вода што врие и ставете цела лута пиперка. Поклопете и кратко динстајте. После 2 минути додадете ориз, па додадете уште вода која треба да го покрие оризот. Кога водата ќе испари, додадете исчистени главици лук, поклопете и намалете ја температурата и гответе уште 5 минути. Исклучете го шпоретот и оставете на жешка рингла сѐ до сервирање.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе