(Не)моќта на интернетот во време на криза

Најновите истражувања покажуваат дека пристапот до интернет бил прекинат повеќе од 200 пати во изминатата година во 33 земји ширум светот.

Исклучувањата во режија на владите во овие земји како реакција на кризни ситуации и протести, опфатија десетици милиони луѓе, под изговор за „одржување на безбедноста“.

Во Индија имало најголем број исклучувања на интернетот – тамошните власти тврдат дека прекинот на интернетот биле со цел „да се спречи ширењето на лажни вести“.

Но, ширум светот има сѐ поголема загриженост од групи за заштита на човековите права дека ваквите исклучувања на интернетот стануваат алатка за репресија од страна на владите. За повеќе вакви случаи, информирајте се во овој прилог на BBC.