Нема наследници на мајсторите на традиционален галички кашкавал

Скопје, 10 април 2018 (МИА) - Сезоната на правење традиционален галички кашкавал е од 1 јуни до 15 август. Овој уникатен производ и вид македонски бренд, е познат и многу баран, особено меѓу љубителите на сирења.

Сите мајстори во Македонија за правење традиционален галички кашкавал се од село Кркља, Кривопаланечко. Така е најмалку 100 години. Но, дали има кој да ги замени со оглед дека и оние најмладите, кои моментно се ангажирани на мандрата во Галичник, се многу малку на број, четворица до максимум пет.

- Во Македонија мајстори има, но претежно се постари, веќе пензионери. Единствено ние што сме тука, четворица - петмина, ќе го наследиме занаетот. Слаб е интересот кај помладите за оваа работа, вели Зоран Ѓеорѓиевски, заменик на главниот мајстор во мандрата.

Рецептот за кашкавалот го наследил од дедо му. Се се прави рачно, нагласува, затоа и цената е 1.000 денари за килограм.

- Во Кривопаланечко нема толку многу овци за таму да се прават сирење и кашкавал. Затоа мајсторите одат по другите краеви. Станува збор за долгогодишна традиција која со нас, еве, продолжува. Го правиме кашкавалот по старовремски систем, се е рачно. Машински не се прави ништо. Рецептот за кашкавалот е наследен од дедо ми. Порано на ваков начин се правело тука, на Бистра, во Трница, Лазарополе и Галичник, посочува Ѓеорѓиевски.

Чираците доаѓаат на мандрите како „фичури“, помошници на мајсторите. За три до четири години го учат занаетот. Најпрво им даваат да прават (варат) урда (од сурутката и телемето) и евентуално кисело млеко.

- Перат, чистат и варат урда, тоа прават фичурите. Утка не може да се случи во ниту еден процес зашто мајсторот е постојано со нас, не надгледува, ни кажува што - како треба да се работи. Со тек на време, го научуваме занаетот и потоа, како сега, ние сме „технолозите“ што кажуваат дали треба вака или така, вели Ѓеорѓиевски.

На мандрата во Галичник дневно се прават по 150 килограми традционален галички кашкавал или вкупно 4,5 до пет тони во сезона. Се прават и урда (70 до 80 килограми) и сирење.

Вкупно 400 литри од дневното млеко се за кашкавал, а останатите 350 литри се за сирење.

Процесот на правење кашкавал трае две години.

Кашкавалот зрее една година, по што се пушта во продажба. Трајноста е една година, но може да се консумира до две години.

- По зреењето во комора што трае три месеци, го переме, го сушиме и го изнесуваме надвор на сонце, го редиме на даски да се „запоти“. Тогаш ја добива и специфичната боја. Сончањето трае три до пет часа. Питите се вртат од двете страни, секоја страна се сонча по два до 2,5 часа. Од тука го внесуваме внатре, се вакуумира и оди во магацин на зреење една година. Дури потоа оди во продажба, објаснува Ѓеорѓиевски.

Колку повеќе стои, додава, толку е подобар.

- Некогаш оставаме по една, две пити по неколку години, на пример четири, за да видиме каков е квалитетот. Го пробуваме кашкавалот, вкусот му е ист, дури поубав, истакнува заменик мајсторот.

На мандрата во Галичник обично се продаваат сите произведени количини кашкавал. Некои потрошувачи доаѓаат до таму и си купуваат цели пити. Капацитетот е современ, по сите стандарди за разлика од порано, пред десетина години, кога имало само ѕидови и бетон. Во старо време, пак, се било од камен.

Кашкавалот во мандрата во Галичник се прави од 1 јуни до 10 - 12 октомври. Потоа, мајсторите си одат дома. Продолжуваат со работа во Градско, од 15 март до 1 јуни. 

Мирјана Чакарова

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе